Производи и Системи

Нашите технички експерти развија решенија за потопла, посува, потивка и побезбедна зграда за работа и живеење. Користејќи гипс картони и цементни плочи, метални навртки, додатоци, соединенија и гипс создаваме илјадници различни системи за полесна изградба на згради.

Гипс картони

Гипс картони

Гипс картони

Гипс картоните на Siniat се изработени да ги исполнат и да ги надминат дури и највисоките норми и потреби во конструкциите на системите за гипс картон. Покрај тоа, Siniat нуди специјални гипс картони коишто се наменети да издржат во тешки средини. Нашата палета на гипс картони ги вклучува, но не се ограничува на оние претставени подолу.

Гипс и завршна обработка

Гипс и завршна обработка

Гипс и завршна обработка

Добрите проекти секогаш започнуваат со добра основа. Siniat го знае тоа и нуди висококвалитетен гипс погоден за различни примени: подготовка на основните за sидови за гипс картон, израмнување на големи или мали неправилности на градежните површини, па дури и обликување на различни облици и форми.

Метални рамки

Метални рамки

Метални рамки

Нудиме широка палета на метални рамки со коишто полесно ќе изградите совршен систем од гипс картон или цементни плочи. Специјални метални решенија развиени од наши експерти за подобри акустични или сеизмички перформанси. Различните видови на профили и агли ги исполнуваат локалните стандарди и барања. Работејќи заедно со инсталаторите, постојано ги иновираме нашите рамки за да ги подобриме перформансите и да ја зголемиме ефикасноста на работните места

Прибор и други додатоци

Прибор и други додатоци

Прибор и други додатоци

Може да ги користите специјално креираните додатоци за да ги добиете најдобрите резултати со системите на гипс картон на Siniat. Од завртки и ленти до метални споеви и прицврстувачки шипки, Siniat нуди сè што ви е потребно од почетокот до крајот на проектот. Покрај тоа, нудиме специјални додатоци за специјални примени, како на пример приклучоци за sидови со својства на звучна изолација.

Иновативни, паметни и ефикасни решенија

Тестирани и сертифицирани решенија

Посветени на одржлива градба