Гипс-картонските плочи на Siniat се создадени за да ги задоволат и надминат и најригорозните норми и потреби во системот на сува градба. Дури и повеќе од тоа, Siniat нуди гипсени плочи што се наменети за употреба во исклучително тешки услови. Нашиот спектар на гипсени плочи, без ограничување само на наведените, подразбира:
За совршена завршна обработка на гипсените плочи неопходни Ви се висококвалитетни завршни производи. Siniat го нуди токму тоа преку спектарот на своите прашести производи Nida со специјални карактеристики коишто прецизно ќе ги задоволат Вашите потреби.
За успешни проекти потребна е добра подготовка. Siniat добро го знае тоа и затоа нуди висококвалитетни гипсени производи со различна намена: подготовка на ѕидни подлоги за гипс-картонски плочи, порамнување мали или поголеми нерамнини на работните површини, па дури и лиење разни облици и форми.
Ви нудиме разни типови метални профили за широк спектар на употреба на гипсeните плочи на градилиштето. Тие вклучуваат: UW, CW, UD 30, CD 60, UA профили и UA аголници.
За добивање најдобри резултати на позициите со гипс-картонските плочи на Nida, секогаш користете специјално создадени елементи за монтажа. Од најмалата завртка и лента за запечатување до сидрест држач, Siniat нуди сè што Ви е неопходно од самиот почеток до завршувањето на позицијата. Покрај тоа, можеме да Ви понудиме и елементи за специјална намена, на пример, ѕидни конектори со својства на звучна изолација.