Кристалин Силика


Безбедносна политика  во Синиат и Кристалин Силика (кристален силициум диоксид -силикатна прашина)


Синиат предвидува барања за регулирање и пренесува информации врзани за Кристалната силика како дел од својата безбедносна политика.
Затоа, во продолжение ќе пронајдете најчести прашања во врска со оваа компонента, потенцијални ризици и препораки за заштита.
Нашиот тим ви стои на располагање доколку имате некое дополнително прашање.

Дефиниции:
КС: Кристална  силика (Кристален Силициум диоксид - формула SiO2.)
РКС: Респираторна кристална силика. Респираторно значи: големина на честичката < 10/15µ во воздухот.
ГИР: Граница на изложеност на работникот
ОЗДО: Опрема за заштита на органите за дишење

Што е  кристалин силика  (кристален силициум диоксид) ?
Името силика  потекнува од силициум диоксид SiO2 и вклучува минерали кои се состојат само од силициум диоксид и воздух.
Силика постои во десет различни кристални форми. Цврста е, хемиски инертна, има висока точка на топење.
Бидејќи кварцот е најраспространета форма на Кристална силика - силициум диоксид  (повеќе од 90 %), кварцот понекогаш се користи наместо КС.
Силикон и силика се потполно различни работи. Силикони се синтетички полимери во кои силиконските атоми се споени со (карбон) органски соединенија.

Кои градежни материјали содржат кристална силика (силициум диоксид) ?
КС е застапена во сите видови на карпи. Сите типови на земјишта содржат барем трагови од КС. На пример, песокот  и чакалот во голема мерка се состојат од КС.
Затоа, многу градежни материјали кои во основата имаат минерали се состојат од КС или барем содржат трагови на КС.

Дали респираторната кристалин силика е исто што и кристалната силика (фини честички) ?
Терминот  Респираторна кристалин силика  е поврзан со честичките чии димензии се толку мали да можат да продрат до најдлабоките делови на белите дробови, алвеоли.
Материјалите и финалните производи (цврста маса) не содржи РКС како такви. Меѓутоа, РКС може да се формира или одвои од овие производи кога машински ќе се обработат или ќе се подведат под механички постапки.

Дали кристалин силика е штетна по здравјето?
Да, но само ако честичките се пренесуваат по пат на воздухот (РКС) или се вдишуваат подолго време. Продолжено и прекумерно изложување на фините честички на кристалната силика (КРС) може да доведе до познатата болест која се вика силикоза. Благодарение на развиената свест за ризикот и примената на превентивните мерки кои подразбираат ограничени вредности во сите држави членки, оваа опака болест може да се спречи. Лицата кои патат од силикоза се во голем ризик да оболат од рак на белите дробови.

Како се класифицира кристалин силика?
КС е канцерогена супстанца што е потврдено од страна на МАИР.  МАИР е Меѓународна агенција за истражување на ракот. Тоа е една од најпознатите институции во светот која се занимава со проценка на канцерогените материјали.
Ист е случајот и со пилевината од дрвото. Прашината која настанува при обработка на дрвото исто така е канцерогена материја.

Зошто Синиат става знак на своите производи ?
Регулативите се однесуваат на потенцијалната опасност од изложување на работниците на РКС. Мерката на која ќе бидат изложени не е можно, нити едноставно секогаш да се предвиди. Тоа не зависи само од содржината на артиклите веќе и од тоа како се третираат артиклите или како машински се обработуваат и кои мерки се превземаат. Затоа, Етех групата одлучила да ја обележи содржината на КС , иако тоа не се бара со моменталните регултиви.
Политиката на “Etex“ групата нагласува дека производите кои се на пазарот и содржат повеќе од 0,1 % КС мораат да бидат обележени. Знак се става на сите производи кои ја преминуваат оваа гранична вредност.
Монтажен материјал: препораки за заштита на работниците

Гипс-картон плочи
Во постапката за сечење на гипс-картон плочи кога се користи (механички) камен за брусење без вентилација за отстранување на прашината, нивото на прашина (дури и кога ќе го занемариме КС) има тенденција да го надмине ГИР и може да предизвика индустриски бронхитис и да остави други здравствени последици. Иако се спроведуваат мерки за сузбивање на прашината, мора да се провери дали се тие ефикасни или не. Доколку постои сомнение дека изложеноста ја преминува границата на ГИР работниците мора да носат ОЗДО. Кога се користи обичен рачен нож (што е чест случај) за сечење на гипс-картон плочи, веројатноста за пречекорување на ГИР е многу мала.

Соединенија
Истата препорака важи и за соединенијата во фазите кога постои можност за ослободување на прашината, посебно при мешање (прашковити соединенија) и постапки кои вклучуваат песок (прашковити и готови соединенија).
Дистрибутери: главни препораки
Дистрибутерите треба да се придржуваат на знаците на палетите и производите и да не ги отстрануваат. Тие веројатно дистрибуираат и друг градежен материјал кој содржи КС.
Постои можност потрошувачите да ги прашаат за значењето на овие знакови и затоа би требало да им се обезбеди обука за КС и нејзиното влијание на здравјето како би ги информирале корисниците  што поточно. На тој начин Синиат дистрибутерите ќе постанат препознатливи по знаењето и професионалноста.

За повеќе информации посетете ги интернет страниците: http://www.crystallinesilica.eu/, http://www.eurosil.eu/